Еве и ја после година и нешто решив да се вратам на БЛОГЕРАЈОВ, мило ми е што уште сте тука, гледам има доста стари борци, но и многу нови што посебно ме радува.
Па се читаме поредовно
Еве и ја после година и нешто решив да се вратам на БЛОГЕРАЈОВ, мило ми е што уште сте тука, гледам има доста стари борци, но и многу нови што посебно ме радува.
Па се читаме поредовно
→ 3 CommentsCategories: Некатегоризирано
![]() |
Бараките станаа хациенди, а ладите ги заменија со БМВ. Како? Си знаеме сите. Доволен е еден Tour d’Vodno. Направете една обиколка и разгледајте ги нивните „споменици“ на македонската транзиција. Кога се крадеше, тогаш ништо не се градеше, освен нивните хациенди и палати.
Оваа есен беше забрането понатамошното објавување на моите колумни во Дневник. Поводот беше мојата колумна од 21.08.2009 година. Затоа, мојот серијал на колумни за весникот „Шпиц“, го започнувам токму со колумната која ја погоди транзиционата левица и која доведе до цензурата во Дневник. Се читаме понатаму, во продолжение ја имате колумната:
Ви препорачувам да ги разгледате куќите на Водно. Во подножјето, кај црвената буржоазија. Изгледа како Беверли Хилс, потсетува на Рим, се копира Женева.
Во куќите сигурно има и чесни луѓе, има и староседелци, има и средна класа, има и дипломати, има и независни, има и успешни кои цел живот работеле. Но, најбројни се транзиционите херои. Креативниот бизнис за време на приватизацијата навистина го усовршија. Контингенти, фри шопови, судски пресуди, приватизации, тендери, набавки, цитостатици, композиции, стентови, тенковски делови, земјишта, штедилници… Во името на „социјал – демократијата“ ги наполнија џебовите, а ги обезбедија наредните 5 генерации. Тоа не се левичарите со идеали кои имаа морал и образ.
Во транзицијата влегоа со еден „сто кец“, а излегоа со поршеа. Бараките станаа хациенди, а ладите ги заменија со БМВ. Како? Си знаеме сите. Доволен е еден Tour d’Vodno. Направете една обиколка и разгледајте ги приватните „споменици“ на македонската транзиција.
Прво, појдете на улица „Салвадор Аљенде“ 75. Тоа би можело да биде „Споменик на македонската транзициона економија“. Погледнете ја куќата на Илија Филиповски. И, брат му Благоја Филиповски. Две палати и базен. Илија Филиповски беше потпретседател на Извршниот совет на СРМ за време на СКМ и КПЈ. Бил директор на увоз – извоз во Охис, приватен стопанственик, пратеник на СДСМ и потпретседател на Владата. И, министер за економија. Економија која се давеше во стагнација, која произведуваше олигарси.
Брат му Благоја Филиповски беше директор на аеродромот од 1991 до 1995 година. Беше матно време, имаше 1 телевизија, 2 весника и немаше афери. Според „Дневник“ од 2003 година, контролата на материјално финансиското работење во 1993 година утврдила дека имало 800 пропусти. Но, и после тоа останал директор до 1995, а повторно именуван во 2003 после легендарниот 15-ти септември.
Се донесе Бранков закон, се вети по еден вработен во секое семејство, но Македонија остана земја со најголема невработеност и сиромаштија. Сепак, куќите се направија. Сложни браќа. Ви гарантирам, се гледа од Google Earth. Мене ми изгледа дека вредноста на овој комплекс на Водно е многу поголема од предвидените споменици на Гоце Делчев, Даме Груев и АСНОМ.
Второ, отидете на улица „Димитар Беровски“ број 7. Тоа е „Споменик на Независното су(д)ство“ на Бранко Црвенковски. Таму можеби ќе ја најдете Ленче Софрониевска. Застанете и гледајте. Куќа ли е, зграда ли е?! Колку катови има? 3 или 4? Колку вкупно квадрати? 400? 500? 600 квадрати? Не знам. Колку дуќани во ГТЦ има семејството Софрониевски? 2, 3, 4 или 5? Колку станови? Колку добиваат од кирии секој месец? 4.000 евра? 7.000? 10.000 евра? Не знам, тешко се бројат и добројуваат. Но, знам дека судските процеси се влечеа со години, а СДСМ избра голем дел од судиите во жална Македонија. И, најнезависните судии од најнезависниот Уставен суд.
Трето, најдете ја улица „Партение Зографски“. Барајте ја најубавата куќа. Ќе ја најдете на број 61. Куќата е голема како зграда. Човекот изгледа работел како заменик директор во Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта, а можеби некое време бил во УЈП. И, кога ќе се возите по некој стар пат, полн со дупки, сетете се на грандиозноста на живеалиштето на тивкиот поранешен заменик директор. Тивка вода, брег рони. Незнаен јунак.
Мајсторот се вика Ѓорѓи Пупаковски. Никој не го знае, никој не го видел, ама живее во куќа како Брендон и Бренда од Беверли Хилс. Но, куќата на Брендон и Бренда имаше приземје и поткровје, а на Пупаковски има 4 ката. Нека појде новинар и нека ја слика. Многу е повисока од споменикот на Никола Карев или Ченто. Пупаковски бил одговорен за проектот за градбата на спомен куќата на Блаже Конески. Убав проект, но мене куќата на Пупаковски ми изгледа многу поубава од спомен куќата на Конески. И поголема. Хациендата на Пупаковски може да ја наречеме „Спомен куќа на мизерните регионални и магистрални патишта“.
Четврто, отидете на улица „Питу Гули“ на Водно. Од десна страна ќе видите една убава куќа на еден убеден левичар и хуман човек. Доктор и кардиолог. Работел со стентови, лекови и бил директор на клиника. Борче Петровски, кадар на СДСМ, бил член на раководството.
Неговата куќа е меѓу српската амбасада и шведската резиденција. Во близина има уште 5 – 6 резиденции на амбасадори, ама куќата на хуманиот доктор е најубава. Цел живот работел во јавното здравство, но штедел. Кардиолог, со срцето и убедувањата на лева страна. Вистински социјал – демократ, загрижен за работничките права. Семејството има возен парк сличен на Дејвид Бекам, а куќата има дизајн на холивудски суперстар. Може да се нарече „Споменик на транзиционите стентови и цитостатици“. До неговата куќа прв комшија е Мирослав Грчев. Тој може да ви објасни за ГУП, ДУП и маркици во Центар. Неговата куќа нека биде „Споменик на легализацијата на Лумикс“.
Петто, за Владо Димов. Борче Петровски беше директор за време на министерот Владо Димов. Владо Димов во Грција во „Citibank“ пријавил 400.000 евра, во Комерцијална банка 18.000 евра, а во банка во Австрија 21.000 евра. Има удел во фирмата „Бусе мак“ од 168.000 евра, побарувања за позајмени пари 119.000 евра, земјиште во Нерези во вредност од 135.000 евра. Неговото семејство има неколку станови и солиден возен парк. Само имотот на Владо Димов вреди колку 5 споменици. Но, неговото не останува на државата, на градот и на сите. Неговото е негово, а долговите во здравството се на сите граѓани.
Сите споменици во Скопје ќе чинат 10 милиони евра, а во времето на Владо Димов и Никола Пановски долгот на ФЗО се зголеми од околу 50 милиони евра на 86 милиони евра. Тоа е само во здравството. За 3 години, во мандатот 2002 – 2006 година, кадрите на СДСМ и ЛДП го зголемија долгот за околу 36 милиони евра. На крајот на 2008 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, долгот на ФЗО беше нула евра.
Летово ќе стартува бесплатното здравствено осигурување за сите граѓани. Нови 30 – 50.000 луѓе ќе добијат бесплатно здравствено осигурување. Тие луѓе беа најзагрозени, токму од хуманите „левичари“ со јужно-американски хациенди. И, на 1-ви септември 2009 година, секој ученик во основното и средното образование ќе добие бесплатни учебници. Околу 280.000 деца ќе добијат книги на маса од државата и даночните обврзници.
Кога се работи домаќински, тогаш има и за учебници, и за субвенции, и за споменици, и за обиколница, и за сали, и за плати, и за пензии…. Кога се крадеше, тогаш ништо не се градеше, освен хациендите и палатите.
Криминалот со резервните тенковски делови чини колку половина споменици. Или, 10 споменици чинат колку аферата со аболицијата на Зоран Заев и „Глобал“. Има уште десетици незнајни јунаци, кои ќарија од приватизацијата. Денес живеат од кирии, си тераат работа и не му ја мислат.
И за крај, „спомениците“ на Водно ќе останат во наследство на малкумина, како потсетување на црвената буржоазија, криминалната македонска транзиција и приватизација. Спомениците во центарот на Скопје ќе останат за наредните децении и векови за сите граѓани на Македонија. Тие споменици ќе ги потсетуваат идните генерации за нивното минато и за нашиот идентитет.
Извор: Шпиц
→ 10 CommentsCategories: Некатегоризирано · политика
Tagged: VMRO-DPMNE ВМРО-ДПМНЕ

Исклучени коментариCategories: политика
Tagged: Google, влатко ѓорчев, вмро-дпмне, гусар
Исклучени коментариCategories: вести
На платен список на БЦ биле: антиНАТО мрчалото, кој јавно крева рака на црквата и е главна фаца која се бори „Да се отштрафи“ крстот на Водно, a повикува и на НЕПАРТИСКИ протести на „невладината„ Слободен индекс – д уан енд онли Ивица Антевски – АНТИблог Платен блогер по договор.Исклучени коментариCategories: блогосфера

Се покануваат сите што сакаат да ја искажат својата поддршка за Јохан, да присуствуваат на оваа литургија и со свеќа во раката, да се помолиме за правда за вистинскиот херој на Македонија.
Бог да ја слушне нашата молитва, бидејќи не бараме ништо друго освен правдата!
Исклучени коментариCategories: вести
Европската комисија препорача почнување на пристапните приговори со Македонија за влез во Европската Унија.
Исклучени коментариCategories: вести

Ја читам програмата на СДС(ФИРО)М и најискрено НАЈДОСАДНОТО нешто што некогаш сум го читал. Во 5 реченици:
1.Не бевме апаши
2. Не сме апаши!
3. Не крадевме (жими Свети СДСМ)
4. Сеа ке бидеме нови, само ако ни поверуете
5. Све што е добро што праи Владава се уствари наши проекти, а они ни ги крадат
Решење…ИЗРАЗО Е НЕМОГУЌИ!
ТОЛКУ!!!!
Исклучени коментариCategories: политика
Во Нова Македонија беше објавена листа на 5 најуспешни и најнеуспешни институции во РМ.
Пет најуспешни институции
| 1. Централен регистар
|
![]() Со реформите во Централниот регистар, Македонија стана водечка земја по брзината на регистрација на нови трговски друштва. Времето за регистрација на новите правни субјекти од пет дена се намали на само 4 часа, што ја става Република Македонија во топ 5 земји во светот за почнување на бизнис. Дополнително олеснување за основачите на трговските друштва е што тие веќе немаат потреба да плаќаат други лица за подготвување на потребните документи за регистрација бидејќи Централниот регистар им нуди бесплатна подготовка на документите, со помош на стручните лица кои работат во одделението за техничка помош. Централниот регистар е институција во која постојано се спроведуваат реформи со цел да се обезбедат нови услуги за граѓаните, а во насока на намалување на времетраењето на одредени процедури. Актуелен директор на Централниот регистар е Ванчо Костадиновски и од него се очекува наскоро Централниот регистар успешно да го спроведе проектот за онлајн-регистрација на фирми со што кончено треба да заживее и концептот на електронски потпис. |
| 2. Државен завод за ревизија
|
![]() Државниот завод за ревизија е една од ретките институции во Македонија каде што промената на власта не го диктира начинот на работа и спроведувањето на планираните реформи. Станува збор за институција која врши надворешни ревизии на финансиските извештаи на министерства, јавни претпријатија и други институции и укажува на неправилно трошење на буџетските пари. Во многу наврати досега, државните ревизори откриле сериозни пропусти во однос на спроведувањето на јавните набавки кај буџетските корисници како и многу други неправилности. Една од главните одлики на ДЗР е транспарентноста во работењето и постојаната соработка со странски партнери, како и запазување на меѓународните стандарди при спроведувањето на ревизиите. Главен државен ревизор во моментов е Тања Таневска и од неа се очекува успешно да го етаблира механизмот за ревизии и контрола врз трошењето на парите кои Македонија ќе ги добива од ИПА-фондовите. |
| 3. Царинска управа
|
![]() Ако до пред некоја година Царинската управа беше поим за корупција, може да се каже дека денес оваа институција доби сосема нов имиџ во однос на разбивањето на криминалот и коруптивните активности во редовите на царината, како и во однос на подобрувањето на услугите кон стопанството. Откако Ванчо Каргов стана прв човек на царината, за краток период беше подобрена наплатата на давачките, без покренати дисциплински и судски постапки против значителен број корумпирани цариници и почна процесот на комплицирани реформи во царинското работење, а пред се во насока на усогласување со европските практики и подобрување на услугите. Само во текот на минатата година, контролните органи извршиле 46 инспекции во сите единици на Царината, биле спроведени 140 внатрешни истраги при што во 70 случаи се констатирани дисциплински повреди и нерегуларности. Во минатата година, управата воведе и електронски едношалтерски систем за издавање увозни и извозни дозволи, ја презема на надлежноста и управувањето на објектите на граничните премини за патен сообраќај и постави мобилни рендгени за подобрување на контролата врз транспортерите. Во царината постојано најавуваат нови реформи, а се очекува наскоро оваа институција да ја презеде и наплатата на давачките за акцизните стоки од Управата за јавни приходи. |
| 4. Агенција за катастар на недвижности
|
![]() Катастарот е институција што повеќе години беше во хаос и ја одликуваа бавни процедури, еден куп заостанати предмети и повеќе случаи на корупција. Меѓутоа во изминативе неколку години успешно се реализираа неколку проекти поддржани од странски субјекти и беа спроведени реформи со кои целосно се смени имиџот на катастарот. Воедно, беше донесен нов Закон за катастар на недвижности, се зајакнаа капацитетите на катастарските службеници и беа подобрени условите за работа во центрите за катастар што придонесе за драстично намалување на времето за регистрација на имот. Поради тоа, Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ се искачи за 6 места погоре во делот на регистрација на имот, а катастарот доби одлична оценка за реформите и од Светската банка. Новина во катастарот е воведувањето активна борба против корупцијата, како и борба за справување со илјадниците нерешени предмети кои со години се таложеле во катастарската евиденција. Дополнително, Агенцијата за катастар воведе нови услуги со кои граѓаните на интернет-страницата на катастарот можат да извршат пребарување и увид во базата на податоци за недвижности за целата територија на Република Македонија. Актуелен директор е Љупчо Георгиевски. |
| 5. Министерство за култура
|
![]() Неизбежен заклучок е дека во фокусот на актуелната Влада е развојот на културата. Тоа лесно може да се потврди со буџетските ставки наменети реализација на повеќе проекти од областа на културата. Министерството за култура предводено од министерката Елизабета Канческа Милеска покажа дека има капацитет да се справи со долгата листа проекти од културата и се чини дека таму се работи како никогаш досега. Така, во Македонија прв пат по подолг период се градат капитални објекти како што се нова зграда на филхармонијата и театри што е позитивна промена без при тоа да се навлегува во прашањето за естетиката на овие објекти. Првпат во Македонија има огромни вложувања во проучување на постојните и пронаоѓање нови археолошки наоѓалишта, а се чини дека се дава огромна поддршка и за филмската уметност. По подолг период имаше и покачување на примањата на културните работници. |
Исклучени коментариCategories: вести
И официјално Европската комисија денеска предложи визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора. Одлуката ја соопштија потпретседателот Жак Баро и еврокомесарот Оли Рен во Брисел.
Овој предлогот, до крајот на годината, треба да биде одобрен од владите на ЕУ и Европскиот парламентот, па македонските граѓани ќе можат без визи да патуваат во шенгенската зона, каде се сите членки на Европската унија, освен Велика Британија и Ирска.
Исклучени коментариCategories: вести